ZAEV-TURCIJA

Премиерот Заев со повик до турските бизнисмени за инвестирање во Македонија

Премиерот на Р. Македонија, Зоран Заев, во рамките на официјалната посета на Турција синоќа учествуваше на работна вечера организирана под покровителство на Унијата на комори и стоковни берзи на Турција (ТОББ) во Анкара, каде што истакна дека Турција цврсто ја поддржува Македонија во интеграциите во Евро-атлантските институции, и додаде дека Турција е најголем поддржувач на Македонија по нејзината независност.

Премиерот Заев во текот на обраќањето пред присутните нагласи дека Турција и Македонија имаат долгогодишни цврсти односи поврзани со пријателски чувства, и рече дека имаат за цел трговскиот обем меѓу двете земји кој моментално изнесува 475 милиони долари, да го зголемат на една милиајрда долари.

„Турција силно ја поддржува евро-атлантската интеграција на мојата земја. Турција беше наш најголем поддржувач по нашата независност. Нашата врата е секогаш отворена за турските бизнисмени. Јас како премиер, една третина од моето време го поминувам со бизнисмени. Половината од ова време го делам за турските бизнисмени. Јас кога бев бизнисмен работев со турските бизнисмени. 10 години не земаме данок. Ние покриваме одредени трошоци на вработените. Повелете дојдете, инвестирајте. Праќаме една отворена покана од македонскиот премиер, министри и пратеници до турските бизнисмени“, рече Заев.

Заев истакна дека поскува турските бизнисмени зоните за слободна трговија во Македонија да ги гледаат како отворена врата кон Европа. „И регионот околу Македонија има голем потенцијал. Постојат значајни можности особено за инвеститорите во областа на земјоделството, градежништвото и енергетиката. Ги повикувам големите компании. Сите земји кои инвестираат во Македонија се сметаат како компании на Македонија“, додаде Заев.

Извор:ТРТ

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


three + 5 =