cavusoglu

Чавушоглу: Односите на Турција и САД ја достигнаа критичната точка

Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу денес предупредил дека билатералните односи помеѓу Турција и САД блиски се до целосен крах заради американската подршка на терористичката организација ПЈД/ПКК во Сирија, пренесува Анадолија Агенцијата.

-Односите на Турција и САД ја достигнаа критичната точка. Или ќе ги поправаме, или во целост ќе се уништат – им истакнал на новинарите Чавушоглу на маргините на 2-та турско=африканска конференција во Истанбул.

Чавушоглу истакнал дека Турција од САД очекува конкретни чекори кон враќање на довербата која е изгубена поради американска вина.

Критикувајќи ја власта на САД заради подршката на терористичката организација ПЈД/ПКК во Сирија, Чавушоглу истакнал дека САД не ги дира терористите на ИСИС ,како би имале изговор за продолжуавње на соработката со групата ПЈД/ПКК, сириски огранок на терористичката организација ПКК.

САД ја подржува ПЈД/ПКК и го смета за доверлив сојузник во борбата против ИСИС во Сирија, а Турција остро се противи на тоа, бидејќи станува збор за сириски огранок на терористичката организација ПКК.

Турските сили и силите на сириската опозиција на 20.јануари покренаа операција во Африн во склад турските права оснивани на меѓународното право и резолуциите на ОН, особено оние кои се однесуваат на борбата против тероризмот  1624 (2005.), 2170 (2014.) како и 2178 (2014.).

Турција се повикува и на членот 51. од договорот со ОН, односно “правото на самоодбрана„. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.

Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар Ал Асад во јули 2012 година без судири на терористите на ПЈД/ПКК им го препуштија Африн. Тој постана еден од главните центри на ова терористичка организација.

Терористите на ПЈД/ПКК моментално под окупација држат 65% од сириско-турската граница, а во Африн се наоѓаат помеѓу 8.000 и 10.000 терористи.

ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК која се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и Европската унија. ПКК уште од средината на 80-те на минатиот век води терористичка кампања против Турција.

Извор: Фактор




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


6 − two =

%d bloggers like this: