sad-debata

Американски дипломатски тешкаши со улатиматуми доаѓаат во Турција, ЕУ и Арапските земји

Следната недела американските дипломати ќе патуваат во главните градови на арапските земји, Турција и Европа, како би ставиле до знаење дека САД повеќе нема да имаат благи ставови кон оне земји, кои ги сметаат како закана за влијанието и стратешките интереси на Америка. Според магазинот The Nation, со овој чин Белата куќа испраќа сигнал до Кремљ дека на Русија нема да и дозволи да го врати статусот на суперсила,а сè се случува во услови на враќање во атмосферата на Студената војна.

Во исто време, дипломатска турнеја се случува за време на ескалацијата на тензиите меѓу сите сириски воени актери, која само делумно има економска димензија. Имено, тоа не е “економска војна”, туку војна која ќе ја одреди идниот модел на меѓународни односи и американската турнеја треба да се анализира во таа смисла.

“Следната недела американските дипломати, вооружени со ново знаење, ќе ги посетат поголемите градови на арапските земји, Турција и Европа, како би порачале дека САД повеќе нема да покажуваат благост кон оние кои тие ги гледаат како закана на влијанието и стратешките интереси на Америка , пишува The National.

“Советникот за национална безбедност Херберт Мекмастер, кој моментално највлијателната личност во администрацијата на Трамп, ќе замине за Турција за да ја разјасни Анкара, до каде е трпението на Соединетите Американски Држави и НАТО-алијансата во врска активностите на турскиот претседател  Реџеп Тајип Ердоган во Сирија и неговото партнерство со Русија и Иран. Мекмастер и американскиот министер за одбрана Џејмс Матис, исто така, ќе ја посетат Европа и на светот ќе му се обратат на Минхенската безбедносна конференција. Американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон, исто така, ќе ја посети Турција, каде што ќе отвори серија важни прашања што ќе го одбележат почетокот на новото решение на управата на Трамп”, продолжува The Nation.

Savjetnik za nacionalnu sigurnost Herbert McMasterСоветник за национална безбедност Херберт Мекмастер

Америкнското списание пишува дека “посетата ќе се одржи во светло на враќањето на атмосферата на Студена војна меѓу САД и Русија, нејаснотијата во врска израелските намери во врска со улогата на Иран во Сирија и Либан, напнатоста со Турција, Иран и Русија, како и во светло на подготовките за изборите во Египет, Ирак и Либан “.

“Во Турција, американските официјални претставници ќе се фокусираат на воените операции на Анкара во Африн и Манбиј, како и на неодамнешните агресивни изјави на турските официјални претставници, кои им се заканија на американската војска во Сирија и ветија дека ќе го прошират својот опсегот на операции против сириските Курди. Ова застанување во Турција се совпаѓа со обидите за спасување на односите на Турција со Иран и понатамошно зајакнување на односите на Анкара со Русија. Се очекува Турција, исто така членка на НАТО-алијансата, јасно да го чуе предупредувањето на американската администрација, која има намера да го земе во предвид она што се случува во рамките на нејзината нова стратешка визија и дека таа нема да биде загрозена “, пишува The Nation.

“Покрај тоа, американските претставници имаат намера да ги информираат водечките НАТО сојузници во Европа дека треба да направат позначајни придонеси за покривање на трошоците за ова стратешко партнерство. Европските партнери мора да обезбедат финансирање за спроведување на долгорочни програми за обука во Ирак, да спроведат коалициски операции во Сирија и да ги поддржат санкциите против Иран “, продолжува американскиот весник.

Бурата од Студената војна ќе го зафати целиот свет, а Сирија ќе биде нејзиниот епицентар.

“Во поширока стратешка смисла, Белата куќа испраќа сигнал до Кремљ дека Русија нема да може да го врати статусот на суперсила”, пишува авторот.

Како што заклучува The Nation, доколку Русија и САД не постигнат меѓусебен договор, бурата од Студената војна ќе го зафати целиот свет и Сирија ќе биде нејзиниот епицентар.

“Сепак, главната точка на несогласување меѓу двете земји не е во природата на нивните билатерални односи, туку иранскиот проект во Сирија, кој дополнително го комплицира конфликтот на интереси, на ист начин како што и прашањето за судбината на Асад, го закомплицира процесот на мировни преговори во Виена во 2015 година и го спречи напредокот во решението конфликтот во Сирија “, заклучува авторот Raghida Dergham, американски новинар со потекло од Либан.

Извор: logicno




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


3 − one =

%d bloggers like this: