Премиерот на Р. Македонија, Зоран Заев, беше примен од страна на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во Претседателскиот комплекс во Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).

erdogan-zaev

Средбата меѓу Ердоган и Заев траеше околу еден час и беше затворена за медиумите.

Премеирот Заев престојува во официјална посета на Р. Турција. Тој денес беше пречекан од страна на турскиот премиер, Бинали Јилдирим, со кого одржа тет-а-тет средба, по која беше одржана и меѓуделегациска средба. Потоа двајцата премиери одржаа заедничка прес-конференција.

Јилдирим, организираше свечен ручек во чест на премиерот Заев.

Во рамките на посетата на Р. Турција Заев се состана и со претседателот на Големото народно Собрание на Турција, Исмаил Кахраман.

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име