abas-putin

Претседателот на Палестина доаѓа во Москва на разговори со Путин

Во претседателската резиденција во рускиот град Сочи во теков на денов се очекува да предстојува палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Пристигнувањето на палестинскиот лидер беше закажано два дена по телефонскиот разговор на рускиот лидер Владимир Путин и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, каде во соопштението на Кремљ воопшто не било спомнато за соборувањето на израелскиот воен авион Ф-16 од страна на Сириската против воздушна одбрана.

Рускиот претседател Владимир Путин и палестинскиот лидер Махмуд Абас треба на состанокот во Сочи планираат да разговараат за конфликтот на Блискиот Исток и актуелните прашања за соработката, објави прес-службата во Кремљ.

“На 12 февруари Владимир Путин ќе разговара со палестинскиот претседател Махмуд Абас, кој ќе ја посети Русија во работна посета. Се очекува да се разменат мислења за проблемите со конфликтите на Блискиот Исток и да дискутираат за актуелните прашања на руско-палестинската соработка во разни области “, се вели во соопштението за печатот во Кремљ во соопштението објавено по состанокот.

Иако состанокот требаше да се одржи во Сочи, Путин ја откажа посетата заради падот на патничкиот авион Ан-148, ама не го одложи состанок со палестинскиот лидер Махмуд Абас и тој ќе се оддржи во Москва, изјавил рускиот претседателски портпарол Дмитриј Песков.

“Поради трагичниот настан, претседателот одлучи да ги одложи сите закажани средби за понеделник и да го продолжи распоредот во главниот град”, изјавил Песков.

Тој објаснил дека е одлуката е донесена заради евентуална потреба од координација со работата на владината комисија за авионската несреќа.

“Попладнето, претседателот ќе се состане со палестинскиот лидер Махмуд Абас, кој нема да лета во Сочи, туку во Москва”, изјавил Песков.

Потсетуваме дека во петокот вечерта, рускиот претседател Владимир Путин разговараше со премиерот на израелскиот режим Бенјамин Нетанјаху.

Официјалната веб-страница на Кремљ издаде кратка изјава во која се наведува дека рускиот претседател го повика Израел да се воздржи од каква било акција што би можела да доведе до ескалација на тензиите во регионот.

“Тие разговарале за ситуацијата поради активностите на израелските воени авиони кои спровеле ракетни напади врз цели во Сирија. Руската страна соопшти дека се избегнува било какви чекори што би можеле да доведат до нов бран на опасности за сите судири во регионот “, се вели во изјавата на Кремљ, каде во ниту еден, зборови, не се спомнува соборениот израелски авион Ф-16 од страна на сириската противвоздушна одбрана.

Извор:Logicno




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


9 × seven =

%d bloggers like this: