turcija zname

Тензиите растат, Анкара го менува името на улицата каде што се наоѓа Американската амбасада

Градоначалникот на Анкара Мустафа Туна, го најавил планот, улицата во која се наоѓа американската амбасада, да ја преименува по според името на моменталната турска офанзива во Сирија, чекор кој дополнително се повеќе ја продлабочува тензијата помеѓу Турција и САД.

Туна, денес на Твитер напишал дека улицата Невзат Тандоган ќе се вика улица на Малсоновото гранче.

Турција минатиот месец ја покрена операцијата насловена како “ Маслиново гранче“ со која би ги протерала припадниците на сириските курди од северозападна Сирија. Овие Курдски единици важен сојузник се на САД во борбата против Исламската држава, а Турција ги смета за терористи.

Името на улицата каде се наоѓа амбасадата на Обединетите Арапски Емирати во Турција, во ноември било сменето и таа сега го носи името на некогашниот воен командант од времето на османлиската империја.

Ова уследи како реакција откако министер на ОАЕ сподели Твит во кој се тврди дека “предци“ на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, го ограбиле светиот исламски град Медина.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


seven + 4 =

%d bloggers like this: