3

(Фото) ПОДГОРЦИ: Пожар во старата училишна зграда

Почитувани, пред речиси една година пишувавме за потребата од решавање на проблемот со старата руинирана училишна зграда, која пред неколку години беше реновинара за привремено одржување на настава додека се градеше новата училишна зграда на ова населба.

Станува збор за дотраен објекти, поранешен дом, и објект во кој беше сместена поранешната амбуланта.

Нешто повеќе за претходната состојба на овој објект кога информиравме за сериозноста од негово решавање како проблем како за жителите на ова населба така и  за учениците кои посетуваат настава во новото училиште зграда која се наоѓа но негова непосредна близина.

Линк од претходна информација:

 “Стариот дом“ : Спомен, негрижа и потенцијална опасност

Дека станува за сериозен проблем, кој под итно треба да се реши од Општинските органи во заедничка координација со Месната Самоуправа на населба Подгорци, зборува и денешниот настан поврзан со овој објекти.

Имено според информациите кои ги добивме од местото на настанот, во дел од просториите на ова стара руинирана заграда некаде околу 06.20 часот утринава забележан бил пожар.

По пријавувањето на истиот на местото на настанот пристигнале против пожарни екипи, предстсвниви на ЕВН, како и представници на крим полиција – Струга.

Благодарение на навременото пријавување и активноста на противпожарната единица, пожарот бил згаснат и ставен под контрола и се спречило негово понатамошно проширување.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.

Во пожарот предизвикана е помала материјална штета.

А, ние уште еднаш укажуваме на потребата од итно решавање на проблемот со овој објект, од страна на надлежните органи Месната Самоуправа (во чија сопственост е овој објекти) како Општинските органи, односно Општина Струга.

1 27749870_1802911469740025_3462440791156142874_n 27858291_1802909683073537_6943950654752673695_n 28055850_1802911546406684_8960220298203120396_n 28056107_1802909233073582_3957153668458944765_n 28166515_1802909313073574_8081168930828698788_n

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


nine − = 3

%d bloggers like this: