avionsusija

Рускиот авион паднал заради грешка на пилотот

Инспектори соопштиле дека евентуалната причина за падот на рускиот патнички авион, во кој загинаа 71 лице, била пилотска грешка на пилотот која не го вклучил греачот на опремата за мерење на притисокот, што довело до погрешно читање на брзината.

Меѓудржавниот комитет за авијација соопшти  после анализирање на податоците од црните кутии дека авионот паднал откако пилотите забележале различни податоци на два двата брзинометри.

Неправилно читање настанало поради тоа што пилотите не го вклучиле уредот за да ја загреат опремата за мерење на притисокот пред полетувањето, објави АП.

Пилотите на авионот “Ан-148″ после полетувањето во неделата, на 11 февруари, од Московскиот аеродром Домодедово, го вклучиле автоматскиот пилот ама повторно ја презеле рачната команда кога забележале несогласувањето во податоците.

Авионот се урна шест минути по полетувањето, при што загинаа 65 патници и шест членови на екипажот.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


four × = 28