erdogan

Ердоган: НАТО не е исто што и САД, сите членки на НАТО се еднакви со САД

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска во Анкара изјави дека е погрешно да се каже дека НАТО е исто што и САД,и истакна дека сите земји-членки на НАТО се еднакви со САД, објави агенцијата Анадолу (АА) .

Ердоган денеска во парламентот им се обратил на членовите на клубот на пратеници на партијата на Правдата и развојот (AK Parti), и во таа прилика се осврнал на актуелните настани.

- Какво е тоа членство во НАТО, за какво партнерство се работи во НАТО? Ако сме заедно во НАТО, тогаш колку Турција треба да се придржува на членови и одредби на НАТО, а на истото тоа треба да се подржува и Америка. Она што сакам да го порачам како претседател на Турција, дека НАТО не е исто што и САД, сите членки на НАТО се еднакви со САД “, рекол Ердоган.

Тој рече дека се лажат оние кои прават одредени планови во врска со Кипар и Егејското море, мислејќи дека вниманието на Турција во моментов е фокусирано само на настаните во јужниот дел на земјата.

- Нека не помислуваат дека не ја забележуваме потрагата по природен гас во водите околу Кипар и опортунистичките иницијативи во Егејското Море. Оние кои сакаат да го искористат фактот дека нашата земја го фокусирала своето внимание на настаните на југот, уште еднаш ги предупредуваме да не прават погрешни сметки и планови во Кипар и Егејското Море. Бидејќи, како што низ операцијата “Штитот на Еуфрат” и “Маслинова гранка” ги спречивме оние што имаа погрешни планови во јужниот дел на нашата земја, дека истото тоа ќе хо направиме и во Манбиј, истото тоа ќе го направиме и во други региони - изјавил Ердоган.

Извор:Faktor




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× 4 = four

%d bloggers like this: