kokain_mondo

ЕКВАДОР: Запленото тон и пол кокаин сокриен во пакети на чоколади во прав

Еден тон и половина кокаин, скриени во пакети на чоколада во прав запленето е на аеродромот во Еквадор пред да полета за Европа, потврдиле официјални претставници.

Полицијата соопштила дека кокаинот бил во авион за Австрија,а запленета била вчера.

Еквадор, представува транзитна земја за трговија со наркотици и материјали за нивно производство, од почетокот на годинава запленето е околу девет тони дрога, првенствено кокаин и марихуана.

За оваа земја, се смета дека нема нелегални  плантажи, иако се наоѓа помеѓу Колумбија и Перу, најголемите светски производители на кокаин.

Во текот на 2017 година, Еквадор заплени 98 тони дрога, од кои 84 биле наменети за странство, а во 2016 година 110 тони.

cdm




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


nine − = 2

%d bloggers like this: