Hhitrou

ХИТРОУ: Едно лица загинало во судир на аеродром во Лондон

Во судир, на две аеродромски возила во Хитроу, Лондон, денес загинаа еден од инженерите на “Бритиш ервејс”, додека друго лице било повредено.

Од полицијата и итната помош било потврдено дека за несреќата биле информирани околу шест часот наутро. Тие додале дека еден човек бил однесен во болница со скршено рамо, додека друг човек на четириесетина години починал од застој на срцето, и покрај напорите на лекари да оживеат.

Од Бритиш Ервејс соопштиле дека еден од починатите бил нивни инженер, но не го објавиле неговиот идентитет.

“ Длабоко сме ожалостени од овој трагичен инцидент и ние ќе обезбедиме целосна грижа и поддршка за неговото семејство и колегите”, изјавиле до  Бритиш Ервејс”.

Менаџментот на аеродромот Хитроу објави дека тие целосно соработуваат со полицијата за да ги осветлуваат околностите под кои двете возила се судриле.

Се истакнува дека аеродромот останал отворен и дека вработените се труделе да ги намалат можните одложувања во летовите.

Извор:РСА




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


1 + three =