Покрај обврската за информирање, една од целите на нашиов портал е континуирано известување , посочување  и реакција на проблемите од страна на нашите сограѓани, односно проблемите кои заостанале во нивно решавање, или проблеми кои ете тековно се појавиле во текот на одреден период.

Овој пат не можеме да останеме глувонеми на уште еден сериозен проблем кој се повеќе излегува на повидок, и бара негово итно решавање.

А, тоа е проблемот со поранешната привремена стара училишна зграда, која со години наназад ги вдомила, здравствената амбуланта, поранешна продавница на Струшка трговија, Селскиот дом, и на крај да стане привремен дом на учениците кои посетуваа настава токму во овој објект додека се градеше новата училишна зграда,

Од тогаш објектот кој е во сопственост на Месната Самоуправа, оставен е на забот на времето и постојано како што доаѓа времето станува потенцијална опасност како за учениците кои се наоѓаат во неговата близина, така и за локалните граѓани (автобуска станица). Иако представува сериозен проблем кој се протега со долг временски период наназад.

Ове ден би сакале да бидеме погрешно сватени, односно не посочуваме или пак обвинуваме претходни состави на Месни Самоуправи, состави на претходните општини, состави на училишни одбори и сл.. туку да укаже на сериозноста на овој проблем и негово конечно решавање како најприоритетен и сериозен проблем.

Пред речиси една година пишувавме за потребата од решавање на овој сериозен проблем за кој за жал и покрај нашите настојувања, ниту една тогашна институција, Месна Самоуправа, Општина Струга, Подрачен државен инспекторат, не најдоа за сходно да го посетат овој објект и укажат на важноста од решавањето на овој проблем, бидејќи очигледно тогаш беа преокупирани со политиката, а не безбедноста на нашите деца-ученици.

“Стариот дом“ : Спомен, негрижа и потенцијална опасност

Како и да е, последниот настан кој предизвика опожарување на дел од овој објект и нашата посета на неговата внатрешност која ви ја презентираме преку регистрираните фотографии, уште еднаш ја најавува потребата од иѕно негово решавање, како проблем пред сериозно да ја загрози безбедноста на нашите деца кои секојдневно си играат и поминуваат покрај него, па дури и влегуваат во него..

Пожар во старата училишна зграда

Сметајќи дека крајно време е еднаш некој да посочи со прст кон негово решавање, пред недајбоже да биде доцна,  имавме накратко после последниот настан (опожарување) поврзан со овој дотраен и руиниран објект, да поразговараме со наши сограѓани и споделиме нивното мислење околу овој проблем.

А, како тие гледаат на решавање на овој проблем и што предлагаат , заклучок кон кој се приклучува и нашата редакција се:

  1. Месната Самоуправа под итно да одржи заедничка средба со органите на Општина струга ( градежна комисија и др..) и во што е можно поскоро време да изнајде решение за негово решавање, односно сега веќе целосно уривавање на овој дотраен и руиниран објект.
  2. Исто така, имајќи ја во предвид сериозноста од овој проблем, исто така, ги повикуваме советот на родители, училишниот одбор како и директорот на Основното училиште, во што можен краток период да одржат средба и донесат одлука за затварање на главниот влез кој учениците го користат за влегување на школскиот двор и училиштето, Се додека не се реши овој проблем, како би се избегнала опасноста по здравјето и животот на учениците, да се овозможи пристап од другата страна на училиштето, се додека не биде решен проблемот (уривање) на спорниот објект.
  3. Покрај тоа, за ваквите превземени активности да биде известена и подрачната единица (државен просветен инспекторат) .
  4. Исто така се повикуваат наставниците кои своите слободни активности ги спроведуваат во непосредна близина на овој објект, пособено оние кои одржуваат настава по физичка култура,  што е можно повеќе да го избегнуваат одржување на наставата на отворено, односно во непосредна близина на овој објект, бидеќи од самиот изглед и состојба, долниот дел од (прв кат) од овој објект се карактеризира со отворени делови (прозорци) кои често пати овозможувале влегување во објектот, дали за време или надвор од настава (избегната топка и сл..) И во повеќето случаеви се додека не се остварат соодветни услови, по можност да се користо ичилишната спортска сала.
  5. Исто така, под итно да се известат и сопствениците на возилата кои вршат линиски превоз, да овозможат слободен простор на местото од каде се предвидува влегување на учениците преку новиот привремен влез, а каде денес заради несоодветно паркирање користат поголем дел од просторот.

Се надеваме дека горе наведените иснтитуции ќе најдат за сходно да седнат и поразговаараат околу овој сериозен проблем, за кој подеднакво сносат и ќе сносат одговорност доколку дојде до загрозување или предизвикување на опасност по животот на било кој наш сограѓанин или ученик.

Горе наведениот текст го споделува мислењето на група на наши сограѓани, став и мислење кон кој се придржува и редакцијата на Дубаи Портал.

28166515_1802909313073574_8081168930828698788_n 28055850_1802911546406684_8960220298203120396_n 28056107_1802909233073582_3957153668458944765_n 27858291_1802909683073537_6943950654752673695_n 27749870_1802911469740025_3462440791156142874_n 1

s1 s2 s3 s4 s5 s6 s7 s8

Видео Архива од: Март.2017

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име