Секогаш кога институциите, и другите организации, кога ќе прекинат да се однесуваат како такви, заборавајќи ја должноста за која се формирани, и се разбира одговорноста која треба да ја сносат, резултатот секогаш мора, и ќе да биде на штета на околината, и пред се луѓето кои со свои средства истите ги плаќаат за да си ја вршат работата како што треба.

kan5

За жал, во нашиве населби со години наназад сите такви институции, кои само на хартија си ги знаат своите должности, ама не и во пракса, таквите должности си ги испомешале со оние политичките, и на народот секогаш ќе му се случуваат апокалиптични ситуации карактеристични за некои пра историски векови, а не овој нашиотв 21-век, и згора на тоа, оние одговорните секогаш ќе ја префрлуваат вината на оние последните и така поред..

Она што денес ни беше испратено во нашата редакција, од страна на нашите сограѓани, пријатели, роднини, од населба Лабуништа, кој по пат на фотографии, кој преку снимено видео, едноставно наликува на нешто што можеби само сме го замислувале само во хорор филмовите, а не дека ќе ни се случи во реалноста, во која денес живееме.

kan6

Различен отпаден материјал (човечки измет, детски памперси и што уште не) од системот за одвод на фекални води канализација, речиси неколку денови заедно со нашите проблеми испливаа на површината на нашиот асфалт по кој секодневно поминуваме.

Едноставно се нема зборови, смрдотија на сите страни, пислок на сите страни, на човек да му се згади од самата слика или пак видео што ќе го здогледа на интернет или на друг начин, а камо ли да биде тука и почувствува она на што веќе сме изложени речиси недела и повеќе, ни изјави жител на Лабуништа.

На наше прашање за што станува поточно збор, односно почетокот на проблемот, ни беше речено дека речиси пред недела и повеќе, ЈКП Хигиена која стопанисува со одржувањето на системот за одвод на фекални води (канализација) се обидува да го реши проблемот кој пред неколку дена започна во еден дел (место) потоа се појави на друго (место) и така се по ред. Сиот отпаден материјал е на површината, се раскопува асфалтот и никако да се изнајде решение.

Се разбира, дека беше очекувано дека ќе ни се случи ова, прво заради тоа што надлежните ниту инвестирале, во надградување, проширување на мрежата, а ниту пак се погрижиле за нејзино одржување. Се разбира овде не треба да се заборават и оние неосвесните граѓани кои фрлаат се и сешто, а згора на тоа и нашите представници во Локалната самоуправа и оние на повисоките инстанци (пратеници) да побараат средства за реконструкација, надградба и слични работи со кои ќе се обезбеди нормално одржување и функционирање  и на овој систем потребен за олкава населба како Лабуништа. Добро е сите тие да дојдат и почусвтвуваат оваа наша несекојдневна атмосфера, која еве за жал ни се случи, а се разбира вината е кај нас, а не кај некои, и сега треба само недај боже да започнат да се шират и разно-разни болести за да не фати некаква епидемија и преполниме оваа наша амбуланта, револтирано ни изјави наш сограѓанин Лабуништанец.

И додека ЈКП Хигиена се обидува да го реши проблемот со системот за одвод на фекални води (канализација), односно деловите каде што е спречен (затнат) протокот на фекланите води, ситуацијата во овој дел од населба Лабуништа изгледа хаотичен, (раскопана асфалт, дупки, човечки измет и се што може да помине низ еден ваков систем за одовод на феклани води, а граѓаните се повеќе се изложени на секаков вид на опасност, како поздравјето на луѓето, така и по самата средина.

А, ние почитувани во прилог низ фотографија и видео испратени од страна на жители на лабуништа, Ви ја представуваме хаотичната ситуација со која се соочени жителите како во овој дел од населбата, така и другите кои мора истиот дел да го поминат за да стигнат до саканото одредиште..

До моментот на објавување на нашево известување, до нашата редакција не е испратено никаково известување (соопштение) од вработените во ЈКП Хигиена.

kan1 kan2 kan3 kan4 kan7

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име