Принципиелен став на Русија е дека најкомлицираните проблеми во регионот мора да ги решат самите балкански држави независно, без да се тераат да брзаат и да се ограничуваат само на формалните критеруми, или со други зборови – без никакво надворешно мешање.

„Ова се однесува на прашањата за границите, темата со именувањето на Македонија, и особено ситуацијата со Косово“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова на денешната редовна прес-конференција, зборувајќи за Стратегијата на ЕК за Западен Балкан.

Захарова истакна дека Стартегијата на ЕК за Западен Балкан ја потврдува геополитичката цел на Унијата за понатамошно проширување и зајакување на нејзината улога во овој важен европски регион.

– Ние повеќе пати истакнавме дека Русија не се спротивставува на европската интеграција на Балканот, сè додека потенцијалните членки на ЕУ не мора да избираат помеѓу ЕУ и Русија – рече Захарова.

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име