Во четвртокот министрите за надворешни работи на ЕУ изразиле несогласување со предлогот на извршниот орган на блокот за проширување на Западен Балкан, регион кој сé уште носи белези на етничките војни во 1990-тите и тешка репутација на беззаконие.

На состанокот во бугарскиот главен град Софија, министрите на ЕУ за прв пат дебатирале за планот на Европската комисија каде 2025 година се одредува како целна за пристапување во блокот на Србија и Црна Гора.

Унгарскиот министер за надворешни работи, Питер Сиџартто, рекол дека е “многу разочаран“ од целната година, велејќи дека првите две земји од Западен Балкан требало да бидат примени веќе во 2022 година.

– Мислам дека  2025 година  е многу далеку и дека заслужуваат побрза интеграција, им изјавил на новинарите шефот на унгарската дипломатија, истакнувајќи дека пристапувањето во ЕУ ќе помогне во иблажување на тензијата меѓу соседите во регионот кои се наоѓаат на влезната врата на блокот.

Германија, водечката сила на ЕУ, сепак, покажала неподготвеност во таква временска рамка, укажувајќи на недостатоци во владеењето на правото во последните земји-членки на ЕУ – од Романија и Бугарија до Полска и Унгарија.

– Штотуку дојдов од Србија, а ситуацијата во Косово е многу сложена. Денес ќе зборуваме отворено за тоа- рекол германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел.

Одбивањето на Србија да ја признае независноста на својата поранешна покраина Косово, поддржана од мнозинството, иако не сите земји-членки на ЕУ, е само пример за регионални спорови кои се закануваат на европската интеграција на Западен Балкан.

Дипломатите на ЕУ тврдат дека корупцијата и моќните криминални банди кои шверцуваат оружје, дрога и мигранти низ европските граници треба да бидат на врвот на долгата листа на проблеми кои мора да ги решат шесте земји од Западен Балкан кои се надеваат дека ќе влезат во ЕУ пред да добијат пристап блок.

Полска, Италија и Австрија се меѓу другите членки на ЕУ кои се залагаат за интензивирање на напорите за отворање на блокот кон регионот на Западен Балкан, каде што има забележително растечко влијание на Русија и Кина.

– Кој ќе биде прв во Белград – Кина или ЕУ? Ова е нешто на што ќе мора да работиме, бидејќи тоа е нашиот прв сосед – им изјавила на новинарите австриската министерка за внатрешни работи, Карин Кнајсл.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов рекол дека ќе биде домаќин на шефовите на државите од балканските земји во нивните разговори на 1-ви март со шефот на Европската комисија Жан-Клод Јункер за изградба на нови автопатишта  и железници за подобрување на врските со ЕУ.

Сепак, словенечкиот министер за надворешни работи, Карл Ерјавец, рекол дека смета дека 2025 година не е реална како цел, велејќи дека на земјите од Западен Балкан им треба повеќе време за решавање на нивните спорови и исполнување на условите за прием во ЕУ.

Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ив Ле Дриан, исто така изразил внимателност.

“Јасно е дека постојат услови и овие услови бараат многу”, рекол тој.

Извор:Faktor

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име