Се разбира, требаше да се очекува дека најголемите светски сили, САД и една од најважните регионални држави – Турција, кои, исто така, се сојузници во НАТО, по меѓусебните разговори на високо државно ниво на највисоко ниво, и не можеа туку така секој да се сврте на своја и дека изјавата за подобрување на односитеа е единствена и морала да биде опција. Тоа и се случи по денешниот втор ден од посетата на американскиот државен секретар Рекс Тилерсон до Турција.

Двете земји се согласија за нормализирање на односите, изјавил турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на заедничката прес-конференција со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, што се одржа во главниот град на Турција, Анкара.

Шефот на турската дипломатија смета дека атмосферата на доверба меѓу Анкара и Вашингтон би можела да се воспостави по повлекувањето на курдските сили на ЈПГ од сирискиот град Манбиј (кој се наоѓа на север од Сирија, западно од реката Еуфрат, во кој, покрај курдските сили, постои неодреден број на американски војници, оп. ГН.).

“Затоа во прв ред неопходно е повлекување на ЈПГ од Манбиј”, нагласи Чавушоглу.

Во заедничката декларација објавена по разговорите на двајцата шефови на дипломатијата, се наведува дека Анкара и Вашингтон се посветени на принципот на заштита на територијалниот интегритет и единство на Сирија. Декларацијата ја нагласува подготвеноста на двете страни да одговорно да се спротивстават на било какви обиди за промена на етничкиот состав на сириската популација и за воспоставување на нов статус кво во таа земја.

Значи, многу општа декларација, која, всушност, ионака ги потврди веќе споменатите позиции на двете држави за овие прашања. Сепак, ќе видиме што ќе прават Американците во пракса за сириските Курди и, впрочем, каква ќе биде курдската реакција во случај на барање за нивно повлекување од Манбиј, по неутралниот став на САД во врска со започнатата турска воена операција “Маслиново гранче” во Африн.

Напоменуваме дела синоќа Тилерсон исто бил примен и од  турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, а, на разговорот заради “чувствителниот карактер“на средбата учествувал и турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, кој ја имал улогата на преведувач (инфо: АП),

Разговорите траеле повеќе од три часа а Канцеларијата за односи со јавноста на турскиот претседател, по состанокот, рсоопштил дека се разговарало за “ситуацијата во регионот, вклучувајќи ја и Сирија и Ирак, под призмата на борбата против тероризмот и билатералните односи”. “Очекувањата и приоритетите на Турција по овие прашања биле јасно изложени”, се вели во официјалното соопштение.

Од друга страна, американскиот Стејт департмент укажал на “продуктивни и отворени разговори на заеднички корисен пат за американско-турското партнерство”.

На состанокот со новинарите минатата ноќ државниот секретар Тилерсон бил прашан дали може да соопшти поедини детали од разговорот со турскиот претседател. “Не денес, ние се уште работим”, одговорил  накратко американскиот дипломат.

Сето ова јасно ги потврдува претходните претпоставки на порталот Geopolitika дека главна цел на преговорите во Анкара ќе биде “курдското прашање”, првенствено статусот на Манбиј. И покрај тоа што медиумите сеуште не знаат (и веројатно и нема многу да дознаат), од содржината на долгиот разговор на претседателот Ердоган и државниот секретар Тилерсон, ние и понатаму продолжуваме да го искажуваме нашиот скептицизам за евентуалното постигнување на конкретен договор меѓу двете страни, кој ќе ги задоволи турските интереси, што де факто значи продолжување маченички односи меѓу Анкара и Вашингтон. Покрај тоа, во администрацијата на Трамп по овие прашања, главниот збор го води не Стејт Департментот, туку првенствено Пентагон. За тоа сведочи неделната посета на Турција од страна на советникот за национална безбедност на Трамп, Херберт Мекмастер, и разговорите со турските државни и воени лидери а кои не донесоа никакви плодови. И понатаму сметам дека САД на сирискиот терен ќе се потпираат единствено на курдските сили, а што никако не би било можно со натамошно игнорирање на американските воени и политички интереси на сириските Курди. Според САД, целосна турска контрола врз северната сириска граница ниту во било кој случај не е дозволив. Значи, повеќе или помалку, сè останува по старо.

Извор:Geopolitika

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име