Спорот помеѓу Кина и Индија околу висоравнината Доклам на Хималаите би можел во крвава војна да го вовлече и Зпадот, тврди угледниот Politico.

Во рамките на серијалот “Војни кои доаѓаат”, кој излегува страниците на Politica , португалскиот политичар и аналитичар Бруно Макаес истакнува дека потенцијална војна меѓу Кина и Индија може да влијае на целиот свет.

Макаес, во својата анализа, истакнува дека Кина сè повеќе се шири додека САД сè повеќе се повлекуваат, така што е можно помеѓу овие две сили да дојде до одредена рамнотежа.

Меѓутоа што се случува кога во истиот простор тргнат Кина и Индија, се прашува, Макаес, а по повод можните конфликти на висоравнината Доклам, тој разговарал со Виџајем Чаутахавел советникот за надворешни работи на премиерот на Индија,  Неренде Моди.

Состојба на “Студена војна“

“Трпението е многу важно во политиката, а Индија со текот на времето се повеќе ќе зајакне. Но, Кина забрзано станува најголем проблем за индиската надворешна политика “, изјавил Чаутахавеле, истакнувајќи дека двете супер сили влегле во периодот на” Студена војна “.

Кина, потсетува советникот на почетокот на енделата и се заканил на Индија со воен одговор доколку, Њу Делхи интервенира на Малдивите, каде што е во тек политичка криза.

Според Чаутахавеле,  уште поопасна е можност за конфликт во ДокламParada kineske vojskeParada kineske vojske

Во стварност станува збор за територија околку која се спорат  Кина и Бутан, која се наоѓа на тромеѓето на Кина, Бутан и Индија. Бутан тврди дека Доклам му припаѓа нив, а Индија го поддржува, додека Кина тврди дека е нејзина територија.

Минатото лето, интензивирани тензии во областа предизвикаа присуство на кинеска армија со намера да изгради автопат на висоравнината, што се спушта до коридорот Силигури, тесен појас на индиската територија која го поврзува североисточниот индиски регион со остатокот од земјата.

Блокада на коридорот во Силигури

Доколку Кина успее да го блокира овој коридор, со тоа ќе го изолира североисточниот индиски регион, па заради тоа Индија реагирала со испраќање на своја војска во Доклам, што советникот ја оценува како внимателно донесена одлука.

Најновите сателитски снимки покажуваат дека Кина повторно го зголемува своето присуство во тој регион, многу блиску до онаа каде што минатата година се соочиле индиските и кинеските војници. Кинеската армија таму има изградено висока кула за набљудување, а се забалежува и поголем број хелиодроми и десетина оклопни возила.Indijska vojska u KašmiruIndijska vojska u Kašmiru

На снимки кои ги објавила воено-аналитичката организација Stratfor  се гледа дека Индија не заостанува, па така се видливи борбени авиони во околните бази од каде што можат да полетаат во напад на Доколам.

На прашање на  Макаес зошто Пекинг е толку решен да воспостави контрола над Доклам, одговорил индискиот полковник Винајак Бхат.

Стратешка предност

“Најважно е да се има предност во заземање на просторот. Доколку Кинезите го контролираат Доклам, особено Јужниот Доклам, тие ќе можат да му се закануваат на Коридорот Силигури, додека нас за одбрана на просторот ќе ни требаат повеќе сили, истакнал Бхат.

Според него, Кина моментално има контрола над висоравнината, но ако ја искористите оваа стратешка предност и отидете уште подалеку од она точка каде минатото лето се судрија двете војски, тоа би значело војна.

Доколку дојде до вооружен конфликт, Макаес тврди дека Западот ќе мора да реагира.

Најпрво, тоа се однесува на САД, на кои најмалку им одговара тоа Кина да зајакне и притоа да го нападне важниот американски сојузник Индија.

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име