Бришењето на носот со хартиена пара од страна на рускиот фудбалер Станислав Манајев кој игра во ФК Чертаново Москва предизвика бурни реакции.

19 годишниот фудбалер сподели видео снимка на инстаграм за време на едно авионско патување.

На видеото може да се види како младиот Манајев кој игра за ФК Чертано Москва вели: „овие пари можев да му ги дадам некому кој што има потреба, ама нема да му ги дадам бидејќи ми тече носот“ по што го бриши носот.

Рускиот министер за спорт Павел Колобов во врска со видео снимката која предизвика бурни реакции и револт на социјалните медиуми рече:

Несомнено дека ова однесување претставува јасен показател за ниското ниво на образование и воспитување на овој фудбалер. Се надевам дека ова ќе му биде поука.

Лидерот на Рускиот организационен комитет за светското првенство Алексеј Сорокин во врска со однесувањето на Манајев рече дека заслужува добра шлаканица потенцирајќи дека во рускиот фудбалска репрезентација нема слично однесување.

По реакциите, Манајев го избриша видеото.

Извор:ТРТ

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име