И, нашиве населби си имаат луѓе кои можат да се истакнат во некоја од областите на општествениот живот, било тоа да е спорт, музика, образованите култура и др..

Овој пат, при снимање на една од нашите нови емисии ко наскоро ќе оди на Дубаи Портал, а ќе се однесува на анализа на проблемите во нашиве населби, позната како “Рефлексија“ во делот од населба подгорци имавме за кратко да се сретнеме со Шабан, Исмаил, и нивните внуци, кои ете така си уживаа во она штом и го нуди околнота природа.

На наше инсистирање, дали ке може да снимиме, прикажеме нешто од нивните можности во делот на глумата за што и всушност најмногу се познати кај нас, притоа не заборавајќи ги и другите нивни активности од делот на спортските, образовни, хуманитарни активности, со задоволство, без и било каква подготовка и искористување на моменталната кореографија, решија уште еднаш како и многу пати да ги прикажат своите можности, за што најмногу ги сакаме и почитуваме.

Се разбира, тука беа и нивните внучиња, идни наследници, кои внимателно ги слушаа нивните инстрикции како да се однесуваат во текот на нивната изведба, притоа потенцирајќи дека еве веќа ги подготвуваме и имаме и наши следни наследници, кои можеби ќе ја продолжат нашата традиција, онака како што ние ги подучуваме и како што мислиме дека треба.

А, ние почитувани, во продолжение Ви пренесува дел од она што Драмското Студио “ Адемовци-Кади Бабе“,. ете така ние ги нарековме, односно Исмаил (Кади Бабе) и Шабан сакаа и ни го понудија да го прикажиме, се разбира во догледно време ни Ветија, уште многу вакви изведби, ама со уште подобра кореографија, сценографија и др..

Видео:ПОМЕЃУ ПОЛИТИКАТА И СЕКОЈДНЕВИЕТО

Видео: СО ПЕСНА НИЗ НАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име