Про-владините сириски сили влегоа во регионот Африн, каде што турската армија спроведува офанзива против курдските милиции, што дополнително ја зголемува можноста од ескалација на насилството, објави Ројтерс.

Иако од Анкара денеска соопштија дека Русија го спречила доаѓањето на сириските сили да им помогнат на курдските милиции, сириската телевизија објави снимки за тоа како провладините вооружени групи пристигнуваат во регионот.

Веднаш откако беше објавено дека ги поминале контролните пунктови во Африн беа усвоени, сириската телевизија објави дека веднаш со гранати биле нападнати од страна на турските позиции.

Се стравува од директен конфликт меѓу турската армија која покрена интервенција за разбивање групи поврзани со курдски бунтовници и армија лојална на претседателот Башар ал Асад.

Турските медиуми објавија дека артилеријата истрелала предупредувачки истрели како би ги спречила сириските борци да влезат во Африн.

Курдските сили го поздравиле пристигнувањето на провладините војници, но изјавиле дека дека не се работи за регуларната сириска армија, туку вооружени милиции лојални на Асад и намера да се распоредат на границата со Турција.

Извор:RSA

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име