Либанската армија ќе ги искористи сите расположиви средства за да се спротивстави на потенцијалната “израелска агресија” и “колку ќе чини, нека чини”, предупреди либанскиот воен командант Џозеф Аун.

“Потврдувам дека категорично ги отфрламе повредите на либанскиот суверенитет од страна на израелскиот непријател, како и кршењето на светото право на Либан да ги искористува за свои економски ресурси”, рекол генералот Аун, а неговата порака беше објавена на Твитер во понеделникот од страна на либанската армија, објави Танјуг.

Аун истакна дека либанската армија нема да се двоуми и плаши од сите можни начини за борба против израелската агресија, по секоја цена.

Американските дипломати неодамна интервенираа меѓу двете земји откако се зголемија билатералните тензии заради пограничниот зид што Израел го гради и одлуката на Либан да ги истражува енергетските ресурси долж нејзините брегови и блиските спорни води, истакна британската агенција.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред два дена  на безбедносната конференција во Минхен предупреди дека Израел ќе дејствува против Иран и неговите сојузници на Блискиот Исток, на што реагираше либанскиот министер за одбрана, Јакуб Сараф.

Извор:РСА

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име