Refleksija

РЕФЛЕКСИЈА: Отворено за проблемите на нашиве населби. Кој можел да ги решава и Зошто ни се оставани ?

Почитувани, имајќи ги во предвид проблемите со кои се соочуваат нашиве населби (Лабуништа, Подгорци, Октиси, Боровец), кои веќе се провлекуваат со години наназад, и оставаат како такви за подоцна идните генерации да се соочуваат со резултатите од нивното не решавање, решивме да го започнеме поранешниот циклус на наши емисии под наслов РЕФЛЕКСИЈА. Целта на овој наш сериал е да се осврнеме на проблемите, да укажеме на нивното постоење, како и на сериозноста од нивното решавање.

Се разбира, во понатамошните изданија, со малку поинаков пристап ќе се обидеме детално да ги анализираме сите проблеми, како и тоа кој имал можност да ги реши, а ги оставил како такви, (политички парии, пратеници, функционери, советници) како од поранешните остави така и од овие сегашните. Се надеваме дека, нашиов сериајал ќе успееме да ги спроведеме до крај, бидејќи во понатамошните изданија, одредени личности или партии ќе се пронајдат во нашите коментари и текстови, и од тука се надеваме дека нема да преминат кон онаа карактеристичното заканување со кривнични постапки и физичко пресметување, со кои можевме да се соочиме во текот на локалните избори.

На крај, уште еднаш би сакале да потенцираме, дека нашата цел е да укажеме на проблемите и нивното инто решавање, а не било какво политизирање, бидејќи на нашиов народ како што можеме да забележиме, преку глава им е од ваквата политика, и ваквите “наши“ политичари. Притоа, исто така би сакале да ги повикаме сите инстируции (Месни Самоуправи),во нашиве населби, или пак жители на било која населба да ни помогнат во реализација на овие проблеми, преку кои ќе имаме можност да ја анимираме јавноста, односно политичките партии и нашите застапници, бидејќи за жал во нашава си Македонија, инстиуциите секогаш работаат под директна палка на политичките партии, притоа заборавајќи на оние проблеми на оние кои ги седнале на таа фотеља.

Сите такви, можат да не контактираат на мобилен телефон, или пишуваат во инбокс.

Видео: РЕФЛЕКСИЈА: Отворено за проблемите на нашиве населби, Зошто се оставани, и не решавани ?




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ 4 = nine