Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, во врска со спорот за името помеѓу Грција и Македонија, изјавил дека Турција нема да го смени својот досегашен став по однос ова прашање. “Овде нема никакво место за сомневање. Ние бевме првата земја што ја признавме Македонија под уставното име. Ставот по ова прашање што го имаме денес ќе продолжи да постои и во иднина. Турската дипломатија никогаш не преземала амбивалентен став. Откако ќе донесеме одлука за нешто, ние даваме живот за такво нешто “, рече Ердоган на прес-конференцијата по состанокот во Анкара со претседателот на Македонија, Ѓорги Иванов.

 

“Се надеваме дека двете земји заеднички ќе го надминат ова прашање, и во тој контекст, интеграцијата на Македонија во евроатланските организации е од клучно значење”. Турција, во овој поглед, како и досега, продолжува да ја поддржува Македонија “, изјавил Ердоган.

Тој истакна дека посетата на Ѓорѓе Иванов е важен индикатор за силни односи и пријателски чувства меѓу двете земји.

Тој истакнал дека за време на состанокот искажана е силна волја трговските односи меѓу Турција и Македонија во иднина да бидат уште посилни и  достигнат нивото на политичка и културна соработка меѓу двете земји.

Тој, исто така, изрази уверување дека заедничките напори дополнително ќе ја зголемуваат трговската соработка меѓу двете земји, додавајќи дека Турција навистина сака да ги зголеми инвестициите во Македонија.

“Се надевам дека во наредниот период во Македонија ќе има уште повеќе турски компании кои ќе и помогнат на економијата на земјата да стане уште понапредна и посилна”, рекол Ердоган.

Тој, исто така, истакнал дека терористичката организација ФЕТО, која се обидела да изврши вон пуч во Турција на 15 јули 2016 година, претставува закана за двете земји.

“Со поддршката на нашите пријатели, ќе ја искорениме терористичката организација ФЕТО од Балканот, и решени сме да ја замолчиме оваа организација низ целиот свет”, изјавил турскиот претседател.

На новинарско прашање за обидот на терористичките групи на сирискиот режим да влезат во Африн во Сирија, Ердоган истакнал дека милитантните сили се повлекоа после артилерискиот оган како знак на како предупредување.

“Во вечерните часови, шиитските милитантни сили со камиони се упатија кон Африн ама мораа да се вратат назад.  Па од тука ова прашање сега е затворено”, рекол Ердоган.

Иванов во своето обраќање пред новинарите изјавил дека Македонија е свесна за борбата против тероризмот спроведена од страна на Република Турција.

“Свесни сме дека ФЕТО и другите терористички организации ви нанесоа штета. Ние веднаш им дадовме поддршка на Турција и нејзините демократски избрани официјални претставници”, изјавил Иванов.

Тој истакна дека Македонија и Турција имаат многу силни односи во сите области.

“Во оваа прилика, му се заблагодарувам на Турција која ни обезбедува безусловна поддршка на патот кон НАТО сиве овие години”, изјавил Иванов.

Тој, исто така, ја изрази својата благодарност до Турција за неговиот, како што рече, принципиелниот став за решавање на спорот за името помеѓу Грција и Македонија.

На крајот, тој го повика турскиот претседател да ја посети Македонија во мај, што Ердоган начелно прифатил, доколку другите обврски тоа му го дозолат.

Извор:(Vijesti / AA)

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име