Еден од најблиските соработници на премиерот Бенјамин Нетанјаху, поранешен генерален и директор на Министерството за комуникации, Шломо Филбер, ќе биде сведок против него.

Филбер ќе биде сведок на обвинителството и ќе сведочи против Нетанјаху во новата истрага за наводите за корупција, објавија израелските медиуми. Израелската полиција не потврди дека десната рака на Нетанјаху, Филбер, ќе сведочи, но најголемите израелски весници велат дека договорот е постигнат како би избегнал казна.

Филбер, кој беше директор на министерството од 2015 до 2017 година, додека Нетанјаху беше министер, беше уапсен под сомневање за промовирање на нацрт-законот што носи стотици милиони долари на израелското телекомуникациско претпријатие Безбек.

Популарниот новински веб сајт на Вала, кој му припаѓа на Безек, за возврат, поволно известувал за Нетанјаху и неговото семејство.

Нетанјаху сеуште не е осомничен во тој случај, но може да биде испрашуван. Тој негира дека направил нешто лошо и ги обвинува медиумите за лов на вештерки.

Полицијата неодамна препорача Нетанјаху да биде обвинет во два други случаи, кои вклучуваат купување скапи подароци од двајца милијардери во замена за услуги и преговарање со сопственикот на високотиражниот израелски весник да известува поволно за него и, а тој за возврат, да му го намали влијанието на натпреварувачкиот дневник.

Извор:cdm

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име