Силите на сириските Курди и сириските власти постигнале договор заеднички да им пружат отпор на турските сили во северозападниот сириски регион Африн, каде што Турција моментно ја спроведува операцијата “Маслинова гранка“.

Дамаск официјално не го потврди договорот, но претставниците на сириските Курди потврдиле, заедно со тоа и дека постои “противење на договорот” и дека тој “може да пропадне”. За тоа се распишаа си светските новински агенции како, турските така и сириските медиуми. Според некои извори, сириските провладини сили (милиции) започнале да влегуваат во Африн уште во понеделникот”. Турскиот Хабертурк соопшти дека требало да бидат распореден на 52 локации, што, според некои извештаи, на границата со Турција. Сириските Курди или Единицата за заштита на народот (ЈПГ), наводно, во склоп на договорот се согласиле да го предадат тешкото вооружување како дел од договорот.

Веста за сојузот на сирискиот претседател Башар ал-Асад и терористичката ЈПГ го комплицира сирискиот гордиев чвор и (повторно) укажува на необичност и хипокризијата на сојузите на тоа геополитичко боиште: благодарение на овој договор, САД (Курдите) Асад (што значи Русија и Иран) се борат на истата страна, и тоа против Турција, американски НАТО сојузник.

Слаба војска

Анкара офанзивата против терористите на ЈПГ ( кои се поддржани од САД, а со кои и Русија е многу добра) ја започна на 20 јануари. Таа ја обвинува ЈПГ за директни врски со Курдистанската работничка партија (ПКК), која со децении се бори за курдска автономија во Турција. Офанзивата, сметале геополитичките играчи дека ќе биде кратка, ама таа сега трае повеќе од четири недели. Тоа очигледно не му се допаѓа никого, па настапи време за ново прегрупирање на теренот.

Иран претходно ја застапуваше можноста за зближување на сирискиот режим и Курдите како две страни кои ги држат најголемите делови на територијата во Сирија и во принцип се согласуваат дека треба да се постигне долгорочно решение во Сирија, иако тие немаат иста визија за иднината. Понатаму, откако Асад се повлече од северните делови на Сирија во 2012 година, двете страни не беа во директен конфликт, туку само во спорадични.

Се чини дека сега тоа ќе биде онака како ќе посака Техеран, единствениот геополитички играч на кого актуелната ситуација но го става во исклучително неповолна положба. На сите други – и Турција, Русија и САД – им задава главоболка.

Русија имаше проблем бидејќи се повлече од Африн пред турската офанзива, очигледно не сакајќи да ги загрози дипломатските односи со Анкара, но на сметка на пријателските Курди, кои на крајот ги обвинија за предавство. Исто така, САД губат. Бидејќи му помагаат на ЈПГ, о од тука таа е во директен конфликт со својот сојузник во НАТО (Турција).

Турска граница

“Иран смета дека курдските борци имаат своја линија на поддршка и дека многумина би сакале да ја видат Турција заглавена во жив песок. Подобро е да се спречи, отколку да се лечи, бидејќи турското назадување би значело ново статус кво на север и ќе им даде нов импулс на курдските аспирации околу териториите долж турската граница “, велат некои аналитичари. Иран е свесен дека со постигнувањето на договор за сирискиот режим и Курдите, тој добива директен пристап до турската граница. Борците блиски до иранската милиција во Иран, наводно, биле забележани со Курдите.

Курдските власти велат дека “можат да соработуваат со секоја земја која им дава рака во борбата против Турските сили”. Турските власти велат дека се подготвени да се борат со сириските сили доколку влезат во Африн  дека доколку влезат за да ги заштита на ЈПГ, и нив (Турски сили) никој нема да може да ги запре.

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име