Министерството за образование вчера донело решение со кое на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари му ги одзеде надлежностите  во образованието, во делот на разрешување и именување на директори на основни училишта, соопшти министерката за образование Рената Дескоска, одговарајќи на пратеничко прашање на Сурија Рашиди од Алијансата за Албанците, на седницата за собраниски прашања.

Пратеникот Рашиди ја праша министерката дали се точни информациите дека гостиварскиот градоначалник ќе остане без надлежност во сферата на образованието.

Според решението на МОН, Таравари идните девет месеци ќе нема право да именува и разрешува директори на основни училишта во Општина Гостивар.

-Постапката за одземање на надлежностите на градоначалникот беше радикална мерка, но немаше избор. Ние укажувавме, тој не почитуваше. Инспекцијата укажуваше на прекршувањата, за што постојат решенија. Моравме да ги поништиме неговите одлуки, а тој не ги спроведе истите, рече Десковска.

Министерката рече дека решението за одземање на надлежноста на градоначалникот Таравари доаѓа по проверките на Државниот просветен инспекторат, бидејќи градоначалникот разрешувал и именувал директори надвор од законската постапка. Дескоска рече и дека се поништени сите решенија на Таравари за разрешување и именување на директори во училиштата во Гостивар.

 Извор:НоваТВ

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име