Иако официјално не е потврдено, сириските активисти известиле дека два нови руски борбени авиони од петтата генерација Су-57 пристигнале во земјата.

Авионите слетале на 21 февруари на аеродромот Хмеимим во Латакија.

“Фотографијата била снимена за време на нивното слетување во Хмеимим”, изјавил корисникот на Твитер Ваел Ал Хусаини, кој ја објавил фотографијата од борбените авиони.

Претходно блогерката Дијана Михајлов извести дека на 21 февруари во Сирија пристигнале четири борбени авиони Су-35С како и радарски и контролен авион А-50У.

На почетокот на февруари беше потврдено дека руското воздухопловство ја започна пробната борбена операција на борбените авиони од петтата генерација СУ-57У и не би било чудно два од нив да бидат испратени во Сирија за тестирање во вистински борбени услови.

Да се ​​потсетиме, на 6-ти јануари започнаа пробни летови на десетиот авион на петтата генерација Су-57, а на крајот на јануари Су-57 почна да лета со оружјето на новата генерација.

ВИДЕО – ФОТО Су-35С и радарски и контролен А-50У (руски АВАКС): Livejournal

ВИДЕО – Су-57, наводно снимени при  пристигнувањето во Сирија

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име