Предлогот, со кој се препознава како геноцидот масакрот над речиси 1,5 милиони Ерменци во 1915 година, беше одобрен од холандскиот парламент денес.

Овој потег беше поддржан од сите поголеми политички партии и представува ризик од понатамошно нарушување на дипломатските односи меѓу Холандија и Турција, објави Ројтерс.

Односите меѓу двете земји се затегнати откако Холандија  минатата година во својата земја му забрани на турски министер да одржи митинзи по повод изборите во Турција.

Десетина други земји во Европската унија усвоија слични резолуции, потсетува агенцијата.

Турција негира дека овие убиства, кои се случиле на територијата на Османлиската империја за време на Првата светска војна, може да се означат како геноцид.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here