Турција силно ја осуди одлуката на Парламентот на Холандија која масакрот над речиси 1,5 милиони Ерменци во 1915 година го нарече како геноцид.

“Силно ја осудуваме одлуката на Собранието на Холандија со која тврдењата на ерменската страна во врска настаните од 1915 година ги нарече ’геноцид’. Неоснованата одлука донесена од парламентот на земјата, која ги затвори очите пред геноцидот во срцето на Европа, во Сребреница, чија болка сè уште не паднала , нема простор ниту во историјата ниту во правдата, па затоа таквата одлука не е правно обврзувачка “, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.

Предлогот на одлуката, според која настаните од 1915 година се нарекуваат “геноцид против Ерменците”, била прифатена од стран на 142 пратеници, со три гласа против. Против предлогот гласале само пратениците на партијата  ДЕНК, заштитниците на малцинствата на муслиманските и турските заедница во земјата, гласаа против предлогот.

Предлогот по ова прашање во парламентот го изнел Џоел Водџервин, член на Партијата на христијанската унија (ChristenUnie).

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име