Спорот за името, како што пред две недели најави и македонскиот премиер Зоран Заев, влегува во фото-финиш.

Со крајот на ова недела има голема раздвиженост во Скопје, Атина, Брисел, но и во цела Европа, и се очекува да се испорачаат и првите конкретни резултати од преговорите.

Според грчките медиуми во рацете на премиерот Алексис Ципрас веќе се наоѓал нацрт договорот кој би требало да го потпишат Скопје и Атина, а за кој за кусо време во Скопје ќе го донсе во Скопје шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас, кој треба да слета на преименуваниот „Меѓународен аеродром Скопје“.

Ципрас овие два дена е во Брисел со неговите европски колеги, но индикативни се две одвоени средби, првата во форматот Ципрас – Јункер – Меркел – Борисов и втората е тет-а-тет средбата Ципрас – Меркел. Интензивната агенда на Ципрас ги вклучува и одвоените разговори со францускиот претседател Емануел Макрон и со италјанскиот премиер Паоло Џентилони.

Истовремено, в недела во Скопје е планирано да дојде претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер, придружуван од Јоханес Хан и Федерика Могерини.

Иако оваа посета се најавува како дел од обидите на ЕУ да го приближи Западниот Балкан кон Унијата, сепак не е можно да не го вклучи моментално најгорливиот проблем и пречка за интеграцијата на Македонија – проблемот со името.

По посетата на Македонија, европската тројка оди во Србија, Црна Гора, Босна и Косово.

Балканската турнеја на Јункер завршува на 1 март во Софија, каде се очекува да се сретне со претставниците на шестте земји кои сакаат членство во ЕУ.

Извор:Мета

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име