Болниците кубурат со средства за дезинфекција, со антимикробни сапуни поради нереализирани тендери или недостиг на финансиски средства, а хигиеничари кои се ангажирани преку сервиси нестручно ги чистат болничките простории. Бактериите кои остојуваат во болниците така го земаат својот данок. Седум од десет пацинетите кои се во интензивна нега умираат ако се заразиле со некоја од поопасните бактерии кои виреат таму, тврди професорката Каќа Поповска раководител на Институтот за микробиологија и потпретседател на Комисијата за интерхоспитални инфекции.

И светските статистики говорат дека 50 до 70 проценти од овие пациентите завршуваат фатално. Но, светот се бори на разни начини да го намали присуството на интехоспитални бактерии. Таму дезинфекцијата и хигиената се на прво место, а доколку е потребно се рушат и цели цели зидови или болници. Во Македонија нема ниту систем ниту стратегија како да се направи тоа.

„Дали било кој од вас се запрашал дали во амбулантите, во поликиниките, во стоматолошките ординации, во гинеколошките ординации го има ова. Овие интерхоспитални бактерии можат да се најдат секаде но, најмногу ги има во болнички услови особено во едниците за интензивна нега бидејќи пациентите таму се најнеотпорни и таму смртноста е највисока , се движи од 50 па дури до 70 проценти во зависност од бактеријата која ги предизвикува“, изјави Поповска.

Таа потенцира дека на овие инфекции се изложени и пацинетите и медицинскиот персонал. Еден лекар неодамна се зарази со три болнички бактерии, а друга лекарка починала од еден посебен сој на интерхоспитална бактерија.

„Бактерија со највиска смртност е псеудомонас еурогиноза и ако мене прашувате ,јас сметам дека е таа најопасна и најмалку би сакала со неа да се сретнам во животот. Тоа би значело дека од 10 кревети во една шок соба, од 10 пациенти седум ќе починат од бронхопнеумонија, ако закачиле псеудомонас еурогиноза. МРСА не е толку смртоносна колку што е контагиозна, односно се шири од пациент на пациент и така се добива болничка епидемија. И тоа е она што сакаме да го направиме, да што помалку пациенти бидат зафатени и да ја спречиме или намалиме епидемијата“, изјави проф. Каќа Поповска раководител на Институтот за јавно здравје и член на Комисијата за интерхоспитални инфекции.

Болниците не само што немаат финансиски средства да купат соодветни средстава за дезинфекција, туку се случува и да воопшто немаат. Поповска ја посочи како пример Клиниката за детски болести кога пред десеттина години се појавила епидемија од интерхоспитална инфекција со 11 проценти смртност на доенчињата.

„Тоа беше приод од 2002 до 2005 кога клиниката се соочуваше со недостиг на антимикробен сапун за миење на раце на персоналот заради тендерски набавки. Тоа беше време кога недостасуваше антибиотик кој беше единствен ефикасен за да се лекува бактеријата која што беше изолирана, така што мораа да користат друг антибиотик кој го имаа на располагање“, изјави Поповска.

Таа нагласи дека хигиенчарите мора да бидат обучени за работа во болница, не може и не смее да бидат лица кои работат преку сервиси како што е сега. Партиските смени на раководни кадри кога еден ќе започне нешто, а друг го прекинува, недостигот на кадар,  се тоа негативно влијае во целиот процес во борба против интерхоспиталните инфекции, нагласи Поповска.

Извор:НоваТВ/Менче Атанасова Точи

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име