Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постапките на режимот на Башар ал Асад, Русија и Иран во источна Гута во Сирија, како што рече, се срамни. “Она што Сирија, Русија и Иран го прават во последно време е човечка срамота.Единствената цел на американското присуство “Тука е да го отстраниме ИСИС и да си одиме дома. Ние не сме тука поради некоја друга причина”, изјавил Трамп пред новинарите по состанокот со австралискиот премиер Малколм Турнбул во Белата куќа.

Тој посочи дека САД постигнале голем успех во борбата против терористите на ИСИС.

“Тоа и во голема мера го направивме , ама она што трите земји им го прават на луѓето таму е срамотно”, рече Трамп.

Турнбул истакнал дека треба да се постигне политичко решение за конфликтот во Сирија, изразувајќи верување дека крвопролевањето во таа земја ќе престане.

334 цивили загинаа при интензивни напади поврзани со режимот во последните четири дена. Покрај тоа, во истиот период, беа нападнати 22 медицински центри, џамија и дом за деца. Во источна Гута која се наоѓа под контрола на опозицијата живеат околу 400.000 цивили.

Со договор во Астана минатата година, Источна Гута беше прогласена за зона на деескалација на конфликтот. И покрај тоа, режимот на Асад ги интензивираше нападите во последниве месеци.

Кризата во регионот се зголемува секој ден, а илјадници болни чекаат за евакуација. Голем број деца во Источна Гута починаа заради неможноста да пристапат до доволни количини на храна и лекови.

Извор:(Vijesti / AA)

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име