Драган Данев, новиот координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието и Александар Велјановски, претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово, се избрани за нови членови на Извршниот комитет на најголемата опозициска партија.

Ова е решението од вчерашната седница на Централниот комитет на партијата, на која претседателот Христијан Мицкоски ги запознал членовите на ЦК со разговорите од посетите во Европскиот парламент, САД, Унгарија и Балканските земји, Хрватска, Словенија и Србија. Тој истакнал дека овие посети и средби со голем број на политичари биле со цел за да бидат запознаени поддржувачите на Македонија за состојбата во која се наоѓа државата.

– Мицковски јасно и недвосмислено потенцираше дека своите соговорници ги запознал со случувањата во Република Македонија. Кршењето на човечките права и слободи од страна на сегашната власт, како и злоупотребата на институциите кои ги прави владата на СДСМ, прогонот и тортурата врз пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, уметници и неистомисленици на владејачката гарнитура и економското уназадување во изминативе 9 месеци биле нотирани од страна на делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ при средбите. Претседателот на своите соговорници им сугерирал дека ВМРО-ДПМНЕ и понатаму со сите свои сили и можности ќе продолжи да се бори за правата и еднаквостите на граѓаните на Република Македонија, како и тоа дека ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжи да чекори рамо до рамо со своите десничарски сестрински партии, во Европа, но и во светски рамки – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Извор:НоваТВ

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име