Меѓународниот комитет на Црвениот крст соопшти дека во текот на изминатите три години 21 член на нивниот персонал ја напуштиле работата заради сексуални престапи. Генералниот директор на Комитетот, Ив Даккор, изјавил дека тие лица плаќале за “сексуални услуги”  дека дале отказ или беа отпуштени од агенцијата, објави Би-Би-Си.

Оваа изјава доаѓа во време кога хуманитарниот сектор се соочува со бројни обвинувања за сексуална злоупотреба и експлоатација од страна на хуманитарни работници.

Дакорд изјавил дека неодамнешните извештаи за сексуални престапи во хуманитарните агенции го поттикнале Црвениот крст да изврши внатрешна проверка.

Правилата на однесување на Агенцијата од 2006 година строго го забрануваат купувањето на сексуални услуги.

Plan International, хуманитарна агенција која им помага на децата, неодамна потврди шест случаи на сексуална злоупотреба и експлоатација на деца извршени од нејзините вработени или соработници.

– Им наредив моите тимови да ги прочешлаат информациите кои ги имаме за сексуални престапи и можам да ви кажам дека од 2015 година идентификувавме 21 вработен кој бил или отпуштен заради плаќање на сексуални услуги или биле отпуштени за време на внатрешната истрага – изјавил Дакорд.

Уште двајца други вработени осомничени за сексуални прекршоци не добија продолжување на договорот, рекол Дакорд.

– Таквото однесување е предавство на народот и заедниците на кои им служиме. Тоа е против човековото достоинство и треба да бидеме повнимателни во спречувањето на тоа “, додаде Даккорд.

Извор:(Vijesti / ФЕНА)

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име