Според тврдењето на каталонските медиуми, шпанската полиција го претресувала приватниот авион на Пеп Гвардиола, тренерот на Манчестер Сити, кога пристигнал на аеродромот Ел Прат во Барселона.

Полицијата сакала да провери дали поранешниот соборен каталонски претседател Карлес Пуџдемонт патувал во него.

Поранешниот каталонски лидер по едностраното прогласување на регионот и прогласувањето на вонредни мерки од страна на централните шпански власти побегна во Белгија. Против Пуџдемон, шпанските власти издадоа обвинение и истиот ќе бидат уапсени доколку се врати во Шпанија.

Радиото Каталуња објави дека шпанските полицајци минатата недела, кога Гвардиола се вратил во Барселона, влегле во авионот и го претресувале за да се уверат дали во авионот бил и Пуиџдемон, меѓутоа утврдиле дека тука биле само сопругата и деца на познатиот фудбалски тренер.

Иста ситуација се случила во четвртокот, откако приватниот авион на Гвардиола слета на аеродромот во Ел Прат. Полицијата повторно проверила кој бил во авионот, но во него не го пронашле Пуџгдемон.

Се тврди дека од полицијата медиумите биле известени дека станува збор само за рутинска контрола.

Гвардиола е еден од најпознатите борци за независност во Каталонија. Затоа има проблеми не само во Шпанија, туку и во Англија,каде Фудбалскиот сојуз (ФА) отворил истрага против него и веројатно го чека казна.

Всушност, Гвардиола на наеколку натпревари на Сити, носела жилта трака во знак на подршка на приведените политичари кои ја подржувале независноста на Каталонија. Бидејќи во англискиот фудбал е забрането истакнување на политички пораки, веројатно ќе биде казнет.

Извор:РСА

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име