И покрај примирјето на кое повика Советот за безбедност на Обединетите нации, режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад продолжи да ја бомбардира енклавата на Источна Гута, објави АФП.

Опозициските сили кои ја контролираат енклавата ја поздравија резолуцијата на ОН, надевајќи се дека хуманитарната помош и лековите ќе дојдат во опколената област каде најмалку 500 цивили беа убиени само минатата недела.

Денес, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел се очекува да разговараат со рускиот претседател Владимир Путин со намера Москва да изврши притисок врз Дамаск за ставање крај на офанзивата.

Жителите на Думе во опкружената област и ова утро се пробудиле со звуците на воздушните удари, јавува дописникот на АФП. Според собраните податоци, најмалку 100 деца загинале во последните десет дена.

Извор:(Vijesti / ФЕНА)

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име