policijaslika

Жена повредена во сообраќајка на патот Кичево – Охрид

Сообраќајна незгода се случила вчера на магистралниот пат Кичево-Охрид.

Во близина на селото Подвис, во 17:45 часот дошло до судир помеѓу патничко возило „Шевролет авео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д. (61) од Скопје, патничко возило „Фиат панда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Р. (48) од Охрид и патничко возило „Опел мерива“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.В. (61) од Битола.

Притоа, со тешки телсни повреди се здобила сопатничката од возилото „Шевролет авео“, Л.Т. (66) од Скопје. Поради сериозноста на повредите, со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево. (Крај)

извор:Ohridpress/МВР фото: архива




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− three = 6

%d bloggers like this: