carsi dzamija

(Видео) Срамно однесување на власта и граѓаните на Прилеп: Најстарата џамија во Европа ја претворија во јавно WC

Еден од читателите на порталот Сафф од Македонија испратил повик до властите и јавноста во Прилеп да престанат со сквернавење на Чарши џамијата. За жал, оваа џамија денес се наоѓа во разурната состојба, а несвесната прилепска власт дозволила урнатините на џамијата да се претворат во јавно WC.

Чарши џамијата седумнаесет години е во рушевини. Овој споменик на културата од 15 век беше запален за време на конфликтот во 2001 година во Македонија. Тоа беше реакција на македонските христијани откако членовите на Албанската Ослободителната народна армија во близина на Тетово десет војници од Прилеп. Денес, и покрај ветувањата, властите сé уште не ја обновија џамијата. Исламската верска заедница со години се обидува да добие согласност од државата и локалните власти за обновување на Чарши џамијата, меѓутоа секогаш добивале само ветувања.

Денес, во Прилеп живеат околу 8% муслимани.

За реконструкција на Чарши џамијата задолжен е Националениот конзерваторски центар. Директорот вели дека се чека на градежна дозвола, по што ќе започнат работите. Реновирањето на џамијата ќе чини скоро 240 илјади евра.

Ситуацијата во која се наоѓа џамијата представува срам за сите државни институции во Македонија и за нејзините граѓани.

Чарши џамијата изградена е во 1475 година. И таа беше најстарата џамија во Европа изградена во стил со две тераси на минарето.

Извор:Сафф




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


seven + 3 =