Турските борбени авиони денес ги нападнаа провладините сили во северозападниот регион Африн, при што загинале најмалку 36 про-владини борци, додека турската офанзива на курдскиот регион добила на темпо, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права. Сириските сили минатата недела влегоа во Африн како поддршка Курдската милиција YPG, цел на операцијата која започна во јануари од страна на Турција и нејзините сојузнички сириски бунтовници.

Обсерваторијата соопшти дека воздушниот напад, во кој е погоден воениот камп Кафр Јина представува трет пат во 48 часа, кога турските борбени авиони ги нападнаа провладините – режимски сили во Африн.

Сириските демократски сили, алијансата на курдската милиција предводена од ЈПГ, во соопштение наведе дека турските авиони ги нападнале позициите што ги држеле сириските “народни сили” од пет до десет часот наутро.

Алијансата не кажа каде се извршени нападите, ниту пак го објавија бројот на убиените.

Турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави дека турските сили од милитантите го презеле градот Рајо. Опсерваторијата наведува дека турската војска контролира 70 отсто од градот, што е околу 25 километри северозападно од градот Африн.

Во соопштението, СДФ соопшти дека група на турски сили и сојузнички сириски фракции влегле во Рајо, каде што се продолжени конфликти помеѓу силите на СДФ и напаѓачите.

Турција смета дека ЈПГ е проширена рака на Курдистанската работничка партија, која го води тридеценискиот бунт во Турција и се смета за терористичка група од САД, Европската унија и Турција. ЈПГ е значаен сојузник на САД во борбата против исламската држава, објави Ројтерс.

Извор:(Vijesti / ФЕНА)

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име