Првиот хуманитарен конвој на ОН денеска ќе се обиде да стигне до жителите на источната Гута, и покрај продолжувањето на офанзивата на сириските режимски сили.

Конвојот од 46 камиони со храна и лекови за 27.500 луѓе треба да пристигне денеска во источниот дел на Гута, каде околу 400.000 жители се под опсада од 2013 година.

ОН проценува дека итна помош е потребна за 70.000 луѓе и додава дека вториот конвој ќе започне во четврток.

Од почетокот на офанзивата на сириските режимски сили во источната Гута на 18 февруари, повеќе од 690 цивили беа убиени, од кои 152 се деца. Сепак, оваа бројка не е конечна, бидејќи и денес пристигнуваат извештаи за нови цивилни жртви. Според најновите извештаи, најмалку 14 цивили загинаа при нападите од страна на владините сили во енклавата во ова енклава објави денеска сириската опсерваторија за човекови права.

Оваа невладина организација соопшти дека воздушните напади траат од минатата ноќ и ова утро.

Сирискиот претседател Башар ал-Асад вчера изјави дека “операциите ќе продолжат”.

Извор:cdm

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име