Руското Министерство за одбрана соопшти дека руски транспортен авион АН-26 се урнал во Сирија, при што загинале најмалку 26 патници и шест членови на екипажот.

Во соопштението се вели дека несреќата се случила денес во 3 часот по локално време.

– Авионот се урна непосредно пред слетувањето во воената база Хмеимим. Според првичните информации, ниту еден од 26 патници и шест членови на екипажот не ја преживеале несреќата – стои во изјавата руското Министерство.

Истрагата за причината за несреќата е во тек, а Министерството соопшти дека прелиминарните резултати покажуваат на евентуален технички дефект на авионот и дека несреќата не е резултат на напад.

Извор:Faktor/Фото:илустрација

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име