Режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад употребил хемиско оружје во нападот на Источна Гута каде последици од нападот почувствувале најмалку 30 цивили .

Претставници на локалната цивилна одбрана Бели беретки известија дека силите на Асад употребиле проектили со хлор при нападот минатата недела во Хамурие.

Повеќето од 30-те луѓе кои ги почувствувале последиците од нападот биле жени и деца. Лесно хронично труење исто така претрпеле и двајца припадници на Белите беретки.

Силите на Асад минатата недела го користеа забранетото хемиско оружје во нападот на Источна Гута, еден ден откако Советот за безбедност на Обединетите нации ја усвои резолуцијата за воспоставување на едномесечно примирје во Сирија.

Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОЗХО) ја започна истрагата за овие напади.

Силите на режимот на Асад во нападите со хемиско оружје во Источна Гута од 21.авгус 2013 година убиле најмалку 1.400 лица. Со вклучувањето на меѓународната заедница започна процесот на уништување на резервите на ова забрането оружје во Сирија, а режимот на Асад на ОЗХО му дал гаранција дека престанал да го користи тоа оружје заклучно со 19 август 2014 година.

Заедничката мисија на ОН и ОЗХО, на крајот од минатата година, му ги предадоа извештај на Советот за безбедност  во кој се наведува дека режимот на Асад не ги пријавил сите складишта за хемиско оружје и дека бил одговорен за нападот со хемиско оружје во кој минатата година загинаа најмалку 100 цивили во Khan Sheyhoun.

Извор:Faktor/Фото:АА

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име