Најмалку 30 лица загинале во западниот дел на Индија, кога камион полн со сватови слетал од мостот и паднал на височина од девет метри во длабок ров.India 703x422

Фотографиите снимени на местото на несреќата ги покажуваат телата околу превртениот камион, објави АП.

Официјалниот претставник на полицијата П. Л. Мал во државата Гуџарат, каде што се случила несреќата, за весникот “Индиски експрес” изјавил дека возачот заради замор ја изгубил контролата над камионот.

Во Индија, посиромашните луѓе често изнајмуваат камиони за превоз на сватови.

Извор:RSA

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име