Честит 8-ми март, мајко !

Вака денес најмладите ученици од одделенската настава на Основното Училиште “Гоце Делчев“- Подгорци, ја започнаа свеченоста по повод Меѓународниот ден на жената 8-ми март, каде со своите рецитали, творби,драмски изведби и други активности, на своите родители и припадничките од понежниот пол, им ја пренесоа својата честитка и порака за сё најдобро во иднина, притоа потсетувајќи на вредноста и улогата на една мајка и жена во семејствата и се разбира општеството.

Како што веќе забележавте денес веќе ја имавме втретата свеченост по повод овој празник. Се одлучивме да ги издвоиме и на поединечен начин ги представиме умеењата, на нашите ученици, од оддленската и оние од повисоките класови, како не би дошло го создавање на гужва во просторот на нашата сала, имајќи ја предвид желбата на родителите да присуствуваат на ваквите наши свечености и радуваат на своите ученици кои се дел од оваа свеченост – ни изјави В.Д директорот на ова училиште г-динот Ариф Имероски

Во ова пригода уште еднаш на сите припаднички од понежниот пол им го честитам празник 8- март, посакувајќи им сё најдобро, а воедно да им се заблагодарам на нашите сограѓани и родители на нашите ученици кои пројавиа желба да бидат дел од нас, а исто така да им се заблагодарам и на нашите наставници кои се потрудија да ја организираат и успшено како и секогаш завршат ваквите планирани активности согласно план програмата на нашава школа – ни надополни г-динот Имероски.

А, ние почитувани, во продолжение ви ја представуваме Фотогалеријата од забележаните фотографии и се разбира видео материјалот од оваа свеченост.

IMG_3275 (Copy) IMG_3288 (Copy) IMG_3293 (Copy) IMG_3305 (Copy) IMG_3308 (Copy) IMG_3311 (Copy) IMG_3313 (Copy) IMG_3314 (Copy) IMG_3318 (Copy) IMG_3319 (Copy) IMG_3321 (Copy) IMG_3323 (Copy) IMG_3325 (Copy) IMG_3341 (Copy) IMG_3342 (Copy) IMG_3344 (Copy) IMG_3349 (Copy) IMG_3350 (Copy) IMG_3352 (Copy) IMG_3354 (Copy) IMG_3356 (Copy) IMG_3358 (Copy) IMG_3369 (Copy) IMG_3370 (Copy) IMG_3375 (Copy) IMG_3388 (Copy) IMG_3392 (Copy) IMG_3397 (Copy) IMG_3404 (Copy) IMG_3411 (Copy) IMG_3412 (Copy) IMG_3415 (Copy) IMG_3420 (Copy) IMG_3425 (Copy) IMG_3426 (Copy) IMG_3439 (Copy) IMG_3446 (Copy) IMG_3448 (Copy) IMG_3454 (Copy) IMG_3452 (Copy) IMG_3449 (Copy)

 

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име