francija voena parada

Во Франција се предлага излегување од НАТО пактот

Поради ратоборната политика на преговарање на НАТО и непочитувањето на меѓународното право, Франција мора повторно да ја потврди својата стратешка независност од Алијансата, се наведува во надополнинето на законот за воено планирање на земјата за периодот од 2019 до 2025 година.

Каде и да беше НАТО, немаше никаква корист од неговата интервенција, како што беше случајот во Авганистан или Либија.

Сето заврши со неизлечив хаос, проследен со зголемување на тероризмот, милиони бегалци, уништени градови и исчезнување на државите од мапата на светот, стои во документот презентиран од претставниците на  Autain, Bernalicis, Coquerel, Corbière, Fiat, Lachaud, Larive, Mélenchon, Obono, Panot, Prudhomme, Quatennens, Ratenon, Ressiguier, Rubin, Ruffin i Taurine.

Членството на Франција во Пактот на НАТО ја ограничува воената и стратешката независност на нашата земја.

Francuska vojskaФОТО: Илустрација, Француска армија

Наместо да биде сила за мир и стабилност во светот, НАТО ги зголеми тензиите низ целиот свет, а билансот на состојба на организацијата е генерално негативен.

Покрај тоа, географската експанзија на Пактот на НАТО, која сега вклучува речиси 30 земји и Источна Европа, ја одразува желбата на САД да формираат воен блок како инструмент за рамнотежа на моќта кон остатокот од светот, особено кон Русија.

Сакаме повторно да ја потврдиме изгубената стратешка и политичка независност на Франција. Враќањето на интегрираната команда на Никола Саркози, потоа договорот на Франсоа Оланд за поставување на противракетен штит  на самитот во Чикаго нè става под палката на САД.

Амандманот, исто така, вели дека НАТО ги спроведува милитантните политики, избегнува почитување на меѓународното право и резолуција на Обединетите нации.

Документот е доставен до Националното собрание на Франција.

Потсетуваме дека од 2017 година во Европа почнавме да зборуваме за создавање на сопствени одбранбени сили, токму поради поголемата независност од САД во областа на одбраната.

Assemblee Nationale.fr/amendements

ФОТО: Земји членки на НАТО и годините на нивното пристапување кон Пактот

Извор:Logicno




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


two × 4 =