АНКАРА (АА) – Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, и неговиот ирански колега Хасан Рохани, телефонски разговараа за последните случувања во Сирија, првенствено за случувањата во Источна Гута, јавува Anadolu Agency (AA).

Извори од Кабинетот на турскиот претседател велат дека Ердоган и Рохани, осврнувајќи се на Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН (2401), укажале на важноста од заедничките напори на Турција, Иран и Русија целосно да се реализира примирјето во Источна Гута.

Двајцата претседатели се согласија дека е потребно да се забрзаат напорите за имплементација на примирјето, за да се заврши што побрзо хуманитарната драма во Источна Гута и населението да добие помош.

Ердоган и Рохани разговараа за трилатералниот самит меѓу Турција, Иран и Русија, кој треба да биде одржан во април во Истанбул.

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име