viber image

(Фото) Годишна средба на Хуманитарното Здружение -Подгорци со седиште во Швајцарија

Како и секоја година, така и оваа во рамките на нашите планирани годишни активности, покрај оние редовните, оддржуваме и заедничка годишна средба , каде ги анализираме сите изминати активности во претходната 2017 година, и се разбира планираните за оваа тековна 2018 година, оваа година нашата годишна средба одлучивме да ја одржиме на 04.03.2018 во Цирих, каде во присуство на поголемиот дел на членови, заеднчки ги анализиравме сите претходни, тековни и идни активности, ни беше изјавено во краткото известување доставено од ова здружение на нашите печалбари и сограѓани кои се на привремена работа во Швајцарија.

viber image1

По тој повод,  со цел малку отповеќе да се запознаеме со ова здружение, ви го пренесуваме нашиот краток разговор, преку кој на некој начин ќе го представиме нивното постоење, цел,и други активности поврзани за нивното функционирање.

Дубаи Портал: Одлучивте да формирате хуманитарно здружение, ќе ни кажете ли што ве подтикна на негово формирање, од кога постои, и кои се неговите цели?

Хуманитарно Здружение – Подгорци: Ние, како жители на населба Подгорци, со привремен предстој и работа во Швајцарија, сме учествувале и во минатото во повеќе хуманитарни акции. Пред формирањето на ова здружение, односно во минатото, заради нашата малубројност, во однос кога се имаше потреба некаде да се помогне, доволен беше само апел за потребата од помагање, каде и тогаш веднаш се реагирало и помагало на апелот кој повикувал дека треба да се помогне.

Меѓутоа, имајќи го во предвид тоа дека во последниве 5-10 години, бројот на нашите Подгорчани, од оние во претходните години кога тука ги имало околу 20 наши сограѓани  кои работеле и предстојувале во делови на Швајцарија , се зголеми на 40-50 жители (Подгорчани), се заклучи дека за одговарање на потребите, апелите за помагање, мора на поинаков начин да се пристапи кон нивното анализирање, односно се пројави потребата од соодветно организирање, како што денес веќе го имаме направено со ова хуманитарно здружение.

За нас лично, идејата за основање на хуманитарно здружение не беше нешто ново. Нашите соселани кои се на привремена работа во Италија, уште во 2000-та година имаа оснивано таков вид на хуманитарно здружение. Овде, кај нас во Швајцарија, ни недостасуваше храброст, храброст која што требаше да се собере за да се спроведе ваква активност, односно основа здружение.

Таа храброст, веќе ја надминавме и чест ни е да кажеме дека и во Швајцарија се формира и постои хуманитарно здружение, која на свој начин и врз основа можностите ќе делува во сите сфери, односно онаму каде што ќе има потреба или пак пројави потреба од помагање.

Нашево здружение се формира на 5.Фебруари 2017 година, и нашата единствена вистинска цел која не подтикна на неговото формирање беше целта за помагање на населба Подгорци, во различни сфери и дејности, како што се: болест,помагање на социјално загрозени, како и помагање во било какви други активности, кои како потреба ќе се наметнат за нашата населба Подгорци.

Дубаи Портал: Колкава е моменталната бројка на членови во ова здружение, и кој може да биде дел од него?

Хуманитарно Здружение – Подгорци: Бројот на сите оние кои сакаат да бидат дел од ова наше заедничко здружение, можеме слободно да кажеме дека за овој краток период од нашето формирање постојано расте. Моментално станува збор за 32 активни членови, т.е. 70% од жителите кои ги имаат исполнето условите за зачленување. Право на зачленување и учество работа во ова здружение полнолетни граѓани на населба Подгорци кои се во работен однос. Додека, учениците и пензионерите не се принудени да бидат дел од нашите активности. Сепак, тука оставаме мал простор, во кој и секој доброволец кој истовремено е пензионер е добредојден во ова наше здружение да допринесе со неговите идеи и сугестии, се разбира во рамките на своите можности и обврски.

Дубаи Портал: На кој начин се финансира постоењето на ова здружение, се разбира и прибирањето на средствата за помагање кои излегуваат, односно ги издвојувате од ова здружение за потребите на населба Подгорци?

Хуманитарно Здружение – Подгорци: На почетокот на формирањето на ова здружение, беше одлучен еден годишен износ, односно станува збор за добротворен прилог, каде што никој не беше принуден да мора да плаќа, колку да плаќа, или да биде дел од ова здружение, без разлика дали е жител од нашето Подгорци, или не, бидејќи како што и рековме горе нашата крајна цел е да помагаме, во рамките на нашите можности и ништо друго.

Дубаи Портал: Кој може да биде корисник на вашата помош?

Хуманитарно Здружение – Подгорци: Видете, станува збор за хуманост. Во Статутот на ова здружение постојат и се внесени  одредени регулативи преку кои се одредува кој може и за што треба да бидат издвоени средства за помош од ова Хуманитарно здружение, колку за пример, еве на каков начин и за што можат и не можат да се издвојат средства:

  1. Болест, социјално загрозени луѓе, и други итни потреби за нашата населба.
  2. Средствата кои се собрани за една намена, истите не смеет да се пренаменат за други работи, односно да се користат за нови проекти.
  3. Здружението не е должно да ги покрива сите трошоци за одредени поединци.

За донесувањето на одлука за издвојување на средства, решава претседателството и неговите советници, односно дали има повод да се помогне или не.

Дубаи Портал: Има ли план програма за работа на здружението?

Хуманитарно Здружение – Подгорци: Па, видете, првата година нашата првенствена желба беше што повеќе да се собираат средства и истите издвојат онаму каде што треба. И заради оваа наша желба, останавме малку пасивни во однос на постоењето на план програма за работа. Сепак како младо здружение, од оваа година и тоа веќе го имаме во предвид, односно започнавме со реализација, подготовка на план програмата за работа на ова здружение.

Фотографии од овогодинешната средба на Хуманитарното здружение – Подгорци- Швајцарија

viber image3 viber image viber image2




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


one × = 6