НАТО е многу загрижен заради одлуката на Турција да го купи рускиот ракетен систем С-400 и стравува дека разузнавачките податоци од Алијансата ќе паднат во рацете на Москва.

Турското купување на ракетните системи земја-воздух “С-400” сериозно го загрижи НАТО, пишува “Breaking Defence“, цитирајќи  го Петар Павел, претседател на Воениот комитет на Атлантската алијанса. Според неговите зборови, ракетен систем С-400 не е компатибилен со технологиите на НАТО. Рускиот систем С-400 мора да се користи одделно и не треба да се интегрира во системот на Алијансата.

Но, главниот проблем, вели Павел, лежи во оперативни информации кои ќе ги вклучуваат податоците поврзани за воената инфраструктура на НАТО во Турција. Овие информации ќе бидат сочувани во руски системи, вели тој.

Генералот, исто така, изразил загриженост во врска со потребата да се испратат руски инструктори во Турција, бидејќи употребата на С-400 системот бара специфични професионални знаења и квалификации. Генералот стравува дека овие руски експерти ќе имаат пристап до тајни информации кои би можеле да бидат проследени на руските власти.

Турција одлучи да купи два С-400 батерии од Русија. Страните, исто така, се согласија да соработуваат во развојот на проектилите за земја-воздух во Турција.

Извор:Logicno

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име