Сенаторот на демократите Џек Рид и` се закани на Турција, дека доколку ги набави руските ракетни системи С-400, по нејзината соработка со САД во областа на одбраната ќе трпи последици. “Продажбата на С-400 на Турција потенцијално го загрозува целиот спектар на одбрана на соработката на САД и Турција“, изјавил Рид на расправата во Сенатот на САД.

НЕ ПРАШАЛЕ

И главниот командант на НАТО во Европа, американскиот генерал Кертис Скапароти изјавил дека САД се надеваат дека Турција ќе се откаже од купувањето на рускиот С-400. Тој потсетил дека една од последиците на ова купување ќе биде некомпатибилноста а на овие комплекси со стандардите на НАТО. “Не само јас, туку и другите членови на нашата влада, разговараа со нив за да им ги објаснат и другите последици од ова купување“, изјавил Скапароти, не прецизирајќи за какви последици станува збор.

На расправата во Комитетот за вооружени сили на Сенатот на САД, Скапароти рекол дека НАТО со Турција ги разгледува мерките на противвоздушната одбрана и системите кои можат да се користат. “Не мислам дека тоа е веќе завршена работа. Тие разговараат и со нас и со другите за да купат адекватен систем.Мислам дека имаме време и сакам да ја продолжам работата во врска со тоа како би ги обединил дека овој систем е невклоплив со стандардите на НАТО“, изјавил Скапароти.

Претходно заменичката на генералниот секретар на НАТО Роуз Гетемилер изјавила дека С-400 нема да биде интегриран со системите за противракетна одбрана на НАТО и дека за тоа треба да се води сметка при одлучувањето за купување на оружје од Русија.

ТУРЦИЈА ПРОТИВ ЗАКАНИТЕ

Во декември минатата година во Анкара представниците на Русија и Турција потпишаа кредитен договор за испорачување на ракетни комплекси С-400.

Според соопштението на Секретаријатот за одбрамбена индустрија на Турција, Анкара купува две батерии од овој систем, со кој ќе раководи турски персонал.

Страните се договориле за технолошка соработка во ова област заради развивање на производството на овие системи во Турција. Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу изјавил дека Турција е против  говорот на закани по повод купувањето на С-400.

Извор:globalcir

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име