Турските вооружени сили во рамките на опарацијата “Маслинова гранка“ во Африн, Сирија под контрола го ставија и градот Чиндерес, клучен град во енклавата Африн на северозападот на Сирија.

Во соопштението на турската војска се наведува дека продолжува операцијата во која учествуваат Турски вооружени сили и силите на Слободната сириска војска ФСА.

Од почетокот на операцијата “Маслинова гранка“ во сирискиот северозападен регион Африна неутрализирани се 3.089 терористи, пренесува ТРТ.

Операцијата во Африна покрената е на 20.јануари со цел чостење на овој сириски регион од терористите на ПКК/ПЈД/и ИСИС.

“Маслинова гранка“ покрената е во рамките на турските права зансовани на меѓународното право и резолуции на Обединетите нации, посебно оние кои се однесуваат на борбата против тероризмот.

Турција се повикува на член 51 од договорот на ОН, односно “правото на самоодбрана“. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.

Ивзор:(Vijesti / FENA)

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име